Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог – законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и измените и дополнувањата за Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, двата во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, двата во прво читање.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ги утврдат предлог-одлуките за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за дополнување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев”.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за водите, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, двата во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за внатрешната пловидба и на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите во второ читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правата комисија.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во републичкото Собраниет денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за економски прашања, за транспорт и врски, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за образование и наука, за европски преашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и НАТО силите на Косово (КФОР) за хелихоптерски операции-медицинските евакуација, на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за основање и условите за работа на културните центри.

Комисијата за економски прашања ќе ги разгледа предлозите на законите за измени и дополнувања на законите за енергетика и за стечај, двата во прво читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да се изјаснат дали на натамошно читање ќе оди Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање. Комисијата за труд и социјалната политика, пак, треба да го разгледа Предлог законот за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, двата во прво читање.

Предлог – закон за иновациската дејност, во прво читање, треба да биде разгледан од членовите на Комисијата за образование, наука и спорт, како и од Комисијата за европски прашања. На дневен ред на оваа комисија се и Предлог закон за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија.

Законодавно-правната комисија ќе рагледа повеќе закони во прво читање и ратификации, кои се на дневен ред на комисиите кои денеска заседаваат.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител