Могерини го осуди израелскиот план за изградба на уште 500 станови во источен Ерусалим

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска го критикуваше планот на Израел за изградба на уште 500 станови за доселениците во источен Ерусалим, во пресрет на својата прва посета на Израел.

– Натамошната реализација на планот за изградба на нови стамбени единици ги загрозува напорите за повторно придвижување на преговорите за мировниот процес на Блискиот Исток, истакна Могерини, пренесуваат француските медиуми.

Европската унија ги предводи напорите за продолжување на овие преговори, „но, оваа одлука на официјален Тел Авив претставува уште еден штетен чекор што ги загрозува изгледите за постигнување решение и сериозно ја доведува во прашање посветеноста на Израел за примена на мировниот договор со Палестинците“, рече шефицата на европската дипломатија.

Могерини притоа додаде дека со оглед на фактот дека „беа игнорирани претходните повици сега ги повикувам израелските власти да се откажат од своите планови и да ја прекинат својата политика за населување во источен Ерусалим и на Западниот брег“.

Италијанската дипломатка од ЕУ, во петок треба да ја почне својата тридневна посета на Израел и на палестинските територии, во текот на која ќе ги посети Тел Авив, Ерусалим, Газа и Рамала, а која треба да укаже на „приоритетот што овој регион го претставува за ЕУ“, изјави портпаролот на Могерини на почетокот на неделата.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ