Македонија се претставува на саем за туризам во Англија

Од:

Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија, што се одржува од 3 до 6 ноември 2014 година.

Република Македонија првпат учествува на овој саем, а учеството е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Република Македонија пред англиските туристи се претставува како привлечна дестинација за патување за кои дополнителна предност е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton), наведуваат од Агенцијата.

Во рамки на претставувањето, денеска беше организирна дегустација на македонска традиционална храна и вино, а директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, оствари средби со Thomas Cook, претставници на ABTA (Британска асоцијација на тур оператори) и туристичките компании Global Travel Investment како и Europo-american investment corporation кои пројавија интерес за инвестиции во спа туризмот.

На македонскиот штанд учествуваат туристичките агенции Ториа, Визит Мацедониа, Македонија травел, Амбасадор Мак, Клинички центар, како и Асоцијацијата за дојдовен туризам кои на туристичките работници од Англија, Европа и светот им презентираат квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија.

– Со ова саемско промовирање се прават напори да се отвори уште еден туристички пазар со цел зголемување на бројот на странските туристи во Македонија која е промовирана и во каталогот на WTM, како и онлајн промоција на официјалната страна на саемот, информираат од Агенцијата.

Светската туристичка берза WTM годинава се организира по 35-ти пат и е форум за презентација на 186 земји/региони со приближно 698 штандови и 4,903 излагачи/компании од областа на туризмот. Учествуваат и рекорден број трговски професионалци (околу 22,100) како и 8,544 купувачи и 2,888 новинари. Македонија се претставува првпат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата