Радикалното исламистичко движење Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Источен Ерусалим, при што загинаа околу десет лица, пренесува ДПА.
Претходно денеска десетина лица беа повредени во Источен Ерусалим во напад врз пешаци со автомобил, чиј возач беше застрелан од полицијата. Еден од повредените полицајци подоцна починал во болница, соопштија изралески медицински претставници.
Во сооопштението на Хамас напаѓачот Ибрахим Акари од Источен Ерусалим го прогласи за херој, а крвавиот напад за природен одговор на злосторствата на израелскиот окупатор.
Пред две недели Палестинец од источен Ерусалим удри со автомобил во трамвајска станица. Во инцидентот загина едно бебе, а осум лица беа ранети. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.