Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

Од:

Добитниците на наградата на Град Скопје „13 Ноември“ за 2014 година денеска официјално ги соопшти Одборот за доделување на ова признание.

Како што информираат од Град Скопје, по тајното гласање, спроведено од Комисијата што ја именува Одборот, во состав: претседател Санде Стојчевски и членови Авни Халими и Петар Гичаровски, наградата од областа на науката и здравствената заштита ќе им припадне на Илија Велев и Африм Османи, од областа на образованието и воспитувањето на Ѓулумсер Касапи, од областа на културата и публицистиката на Симон Беличанец и Стојан Тарапуза. Славица Петровска Галиќ и Дејан Пројковски се носители на наградата во областа на уметноста, а во областа на спортот Бранислав Давитсковски, додека од редот на ученици и студенти 13-ноемвриското признание ќе го понесат Маја Бошковска и Вејчеслав Поповски.

Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Признанието може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Наградите на посебна свеченост на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, ќе ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство