„Нова Македонија“ ги додели наградите за краток расказ

Од:

„Зелен клукајдрвец“ на Милован Стефановски е најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“, соопшти редакцијата денеска на прес-конференција.  Втора и трета награда на анонимниот конкурс добија Петре Димевски за расказот „Како душата се одвои од телото“ и Христо Петревски за „(Пре)раскажувачот“.

Доделени се и три откупни награди – на Јосиф Џочков за „Последното слово  на Теохар Георгиев“, Димитар Димовски за „Создавач на светови“ и  на Трајче Крстевски за „Охридскиот крап“.

На конкурсот на „Нова Македонија“ годинава пристигнале 222 раскази, а наградените ги избра жири во состав: Тодор Чаловски (претседател), и Владимир Плавевски и Снежана Младеновска-Анѓелков (членови).

Според едногласната одлука на жирито, првонаградениот расказ „Зелен клукајдрвец“ се издвоил од другите „поради хармоничниот и повеќеслоен, но впечатлив исказ, исполнет со јадровитост и автентично-амбиентирана експресивност, уверливо доловената мотивираност на текстот, со чисти синтаксички прелевања…“

Претседателот на жирито Чаловски истакна дека на конкурсот пристигнале раскази со разновидни теми и со нови стилови. – Големо е задоволството да се жирира при ваков одѕив. Кусиот расказ како жанр добива високо место во современата македонска книжевна продукција, за што голем придонес има токму овој конкурс, рече Чаловски.

Наградените раскази ќе бидат објавувани во прилогот на весникот ЛИК секоја среда почнувајќи од идната со првонаградениот на Стефановски, кој на прес-конференцијата го прочита својот расказ.

Конкурсот на „Нова Македонија“ со кратки паузи се организира од 1960 година. Оваа година тој е во рамки на одбележувањето 70 години од излегувањето на весникот (29 октомври 1944).

Главниот уредник Александар Димковски рече дека јубилејот го одбележале со амбициозна програма  – со монографија, средба во Врановци, свечена академија, два документарни филма.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска