Кошаркарите на Кливленд го претрпеа и вториот пораз во новата сезона од НБА лигата откако ноќеска беа совладани на гостувањето кај Портланд.
Лошата реализација во последната четвртина кога постигнаа само 13 поени е причината за овој пораз. Најефикасен на дуелот беше Дамиан Лилард од Портланд со 27 поени.
Резултати на ноќешните натпревари: Индијана – Милвоки 81:87, Мајами – Хјустон 91:108, Њујорк – Вашингтон 83:98, Торонто – Оклахома Сити 100:88, Чикаго – Орландо 98:90, Њу Орлеанс – Шарлот 100:91, Портланд – Кливленд 101:82 и ЛА Лејкерс – Феникс 106:112.
Вечерва се играат 12 натпревари: Шарлот – Мајами, Филаделфија – Орландо, Бостон – Торонто, Бруклин – Минесота, Детроит – Њујорк, Милвоки – Чикаго, Вашингтон – Индијана, Сан Антонио – Атланта, Феникс – Мемфис, Јута – Кливленд, Сакраменто – Денвер и Голден Стејт – ЛА Клиперс.