Киев соопшти дека денеска исплатил на рускиот нафтен гигант „Газпром“ 1,45 милијарди долари од долгот, што е првиот услов за обновување на прекинатата во јуни испорака на руски гас за Украина.
Украинската државна компанија „Нафтогас“ исплатила на „Газпром“ прва транша од 1,45 милијарди долари за задоцнет долг од вкупно 3,1 милијарда долари, што Киев треба да ги исплати до крајот на годината, се наведува во соопштение на „Нафотгас“.