ЕУ: Над 120 милиони лица под ризик од сиромаштија

Од:

Минатата година во ЕУ на ризик од сиромаштија или на социјална исклученост биле изложени 122,6 милиони луѓе, или 24,5 отсто од популацијата, објави Евростат.

Процентот на луѓе под ризик на сиромаштија или социјална исклученост е нешто понизок отколку во 2012 година, кога изнесуваше 24,8 проценти, но е поголем од 2008 година, кога изнесувал 23,8 отсто.

Во тие податоци се вклучени лицата кои спаѓаат во барем една од трите категории, а тоа се лица во ризик од сиромаштија по социјален трансфер, лица во голема материјална депривација и лица кои живеат во домаќинства со многу низок интензитет на работа.

Над една третина од населението минатата година било изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во пет држави членки – Бугарија (48 отсто), Романија (40,4 отсто), Грција (35,7 отсто), Летонија (35,1 отсто) и Унгарија (33,5 отсто).

Најмал процент на луѓе во ризик од сиромаштија или социјална исклученост имаат Чешка (14,6 отсто), Холандија (15,9 проценти), Финска (16 проценти) и Шведска (16,4 отсто).

Во период од 2008 до 2013 година бројот на луѓе во ризик од сиромаштија или социјална исклученост се зголемил во повеќето членки за кои постојат податоци.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ