Украинската Врховна рада ќе го укине законот за посебниот статус на Донбас

Од:

Во новоизбраната украинска Врховна рада е поднесен предлог закон за укинување на Законот за посебниот статус на Донбас.

Подносител на предлог законот е лидерот на десната националистичка Радикална партија, Олех Љашко, соопшти ТАСС, повикувајќи се на информација објавена на сајтот на Парламентот.

Претседателот Петро Порошенко во обраќањето до граѓаните на Украина, претходно, изјави дека планира на Советот за национална безбендост и одбрана (СНБО) да го понуди на разгледување прашањето за укинување на посебниот статус на овој источноукраински регион, пред се, заради изборите, што се оддржаа во неделата, на 2 ноември, а чиј легитимитет не е признат од украинските власти.

Претседателот Порошенко притоа појасни дека Киев е подготвен да донесе нов закон за посебниот статус на Донбас, што ќе предвидува јасно определени граници на регионите со посебни надлежности за локалните самоуправи. Тој, меѓутоа, неговото донесување го услови со следните чекори на првите луѓе на самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна република“.

Прес секретарот на Порошенко, Свјатослав Цеголко, на Твитер напиша дека заседанието на СНБО за ова прашање треба да се оддржи уште денеска.

Лидерот на Врховниот совет на самопрогласената „Луганска Народна Република“, Алексеј Карјакин, изјави дека не гледа проблем во украинската намера да донесува нов зкаон затоа што сегашниот нив не ги регулира. „Дали законот го има или не за нас е сеедно, затоа што тој и вака и онака е неадекватен“.

Слична е позицијата и на властите од самопрогласената „Доњецка Народна Република“, забележува ТАСС, повикувајќи се на изјавата на лидерот на „ДНР“, Александар Захарченко.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион