Могерини ја разгледува можноста ОЛАФ да ги истражи обвиненијата на сметка на Еулекс

Од:

Високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини ја разгледува можноста европската Канцеларија за сузбивање на корупцијата ОЛАФ да ги истражи обвинувањата на сметка на Еулекс, соопшти денеска нејзиниот портпарол Маја Коцијанчич.

– Високиот претставник многу внимателно ги следи случувањата во врска со Еулекс и разгледува сите опции, рече Коцијанчич на новинарите во Брисел, одговарајќи на прашањето за барањето на група пратеници на ЕП за тоа ОЛАФ да ја преземе истрагата.

Пратениците на социјалдемократската група во ЕП, како и неколку пратеници на другите партии, побараа по вчерашниот затворен состанок со функционерите на ЕК во Надворешно-политичкиот комитет на ЕП оваа истрага да се провери од независно тело.

Ричард Ховит, главниот претставник на социјалдемократите во Комитетот, го изнесе ставот ОЛАФ да ги истражи не само наводите за корупција во врвот на Еулекс, туку и случајот на суспензија на британската обвинителка Мари Бамие, која за тоа јавно проговори, како и заканите на новинарот на приштинскиот весник „Коха диторе“, кој за тоа пишуваше.

Тој рече дека барањето истрагата да излезе надвор од рамките на Еулекс утрово и го пренел на Могерини и предупреди дека одбивањето да се постапи по него би го загрозил кредибилитетот на Еулекс и на ЕК.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ