Изаири: „Југохром“ има сериозен план за исполнување на еко стандардите

Од:

Владата во наредните шест месеци будно ќе го следи процесот на спроведување на оперативниот план за воведување еколошки стандарди од страна на „Југохром“ и доколку не го реализира капацитетот ќе биде затворен.

Ова денеска го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изири при денешна посета во Тетово.

– Фирмата има сериозен план за исполнување на методологијата за заштита на животната средина, а согласно договорот тие треба да задржат најмалку 110 вработени и да го намалат производството за 50 отсто во овој период. Оперативниот план на „Југохром“ содржи основен проект, време и рокови што се усогласени со Министерството и сметам дека тие интезивно ќе пристапат за негово спроведување што ние ќе го контролираме и месечно, истакна министерот Изаири.

Според него, ова е сериозен чекор за воведување на еколошки ред бидејќи по 31 октомври Југохром наместо 85 мегавати струја согласно планот има дозвола да троши 45 мегавати, а токму ова намалување на производството ќе придонесе загадувањето да се намали за 70 отсто.

– Нивниот оперативен план е сериозно решение што треба да се спроведе, а ние сериозно ќе го следиме процесот, рече министерот за животна средина.

Тој побара и поголема заложба од општинските власти во воспоставувањето поголем ред во сообраќајот, затоплувањето и издавањето на Б еколошки лиценци на фирмите што е во надлежност на локалната самоуправа со цел да се придонесе повеќе во намалувањето на загадувањето, бидејќи како што рече, на надлежното министерство останува укажувањето за мерките и политиките што треба да се спроведат во овој правец додека општините се тие што треба тоа да го направат со конкретни мерки на терен.

Владата одлучи „Југохром“ да добие нови шест месеци за воведување на еколошките стандарди при што беа земени предвид освен еколошките аспекти во случајот на Југохром предвид да бидат земени и социоекономските услови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски