Романската Влада ќе мора да ги зголеми даноците или да ги намали трошоците, за да го компензира предвиденото намалување на приходите во 2015 година кога се очекува поради намалувањето на социјалните придонеси, данокот на специјални градби и на акцизите, предупредува Европската комисија.
Според Комисијата, во спротивно, буџетскиот дефицит ќе се зголеми до 2,9 проценти од бруто домашниот производ, што е за 10 милијарди леи над поставената цел.
Во есенската економска прогноза на ЕК се наведува дека се очекува намалување на приходите од 0,8 отсто од БДП, поради намалувањето на социјалните придонеси од 1 октомври.
Целта за дефицитот, договорен од романските власти со ММФ и Европската комисија за 2015 година е 1,4 проценти од БДП.
Намалувањето од 0,5 отсто на данокот врз специјалните градби ќе има негативен ефект врз приходите, што се пресметува на 0,9 проценти од БДП.
ЕК годинава очекува намалување на буџетскиот дефицит на Романија на 2,1 отсто од БДП од 2,2 проценти во 2013 година.
Државниот долг се предвидува да се зголеми од 37,9 отсто од БДП во 2013 година на 41,1 процент во 2015 година.