Украинскиот претседател Петро Порошенко е деветорангиран на листата од 100 најбогати Украинци, што ја објави неделникот „Ново време“.
Богатството на Порошенко е проценето на 816 милиони долари, што, како што наведува неделникот, предизвикува измешани чувства кај граѓаните на Украина, чија просечна плата изнесува околу 300 долари.
Боксерските шампиони, браќата Виталиј и Владимир Кличко, се најдоа на 88 место од листата со богатство проценето на 61 милиони долари.
Убедливо најбогат Украинец е поранешниот боксер Ринат Ахметов со капитал вреден повеќе од 10 милијарди долари. Ахметов богатството го стекнал во металуршката индустрија, како и Генадиј Богољубов (2,6 милијарди долари) кој е второпласиран на листата на „Ново време“.
Зад нив е Игор Коломојски (2,3) единствениот богаташ од првите 10 на кого специјалност му се финансиите.
Најмногу богаташи во првите 100 се стационирани во Доњецката област, дури 14, а официјално најбогата Украинка е Фиља Жебровскаја, која се наоѓа на 48 место, која своите 146 милиони долари ги заработила во фармацевтската индустрија.