Конзервација на подните плочи во црквата „Св.Никола“ во Штип

Од:

Во соборната црква „Свети Никола“, во Штип, која се смета за еден од најрепрезентативните сакрални објекти, во тек е конзервација на подните плочи во црковниот двор.

Како што соопши Министерството за култура, станува збор за трикорабна базилика опкружена со тремови од западната, јужната и од северната страна. Подот е поставен во периодот на изградбата на црквата, во 1341 г. Во изминатите години, заради поголеми оштетувања на подот, се извршени повеќе преправки при што се користени други видови камени плочи. Во моментов, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата интензивно работат на конзервацијата на подот со обработен и кршен камен.

Внатрешноста на црквата е украсена со живопис на сводовите, фрескоикони по ѕидовите, голем иконостас со икони работени од познатиот македонски зограф Димитар Андонов Папрадишки во 1869 година, фрескоживопис во олтарниот дел работен од зографот Костадин Иванов Вангелов од Штип, како и копаничарските дела од кои посебно место му припаѓа на богато украсениот балдахин во олтарниот дел на црквата и владичкиот трон во наосот на црквата, работени во ажурна резба.

Соборната црква „Свети Никола“ е изградена од протомајсторот Андреја Дамјанов, на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола, а ккоја што била изградена од протомајсторот Ѓорѓи Новаков-Џонгар.

Конзерваторските работи се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски