Уставниот суд на Шпанија денеска го забрани симболичното гласање за независноста на североисточната автономна област Каталонија, што беше планирано во недела, 9 ноември.
– Одлуката беше соопштена откако едногласно беше усвоена, изјави портпаролката на шпанскиот Уставен суд.
Целта на симболичното гласање беше да се замени веќе откажаниот референдум, што требаше да се одржи на 29 септември.