Владата ќе купува риба и морски плодови

Од:

Службата за општи и заеднички работи објави оглас за набавка на свежа и замрзната риба и морски плодови.

Денеска до Бирото за јавни набавки службата доставила оглас а услугата која ја бара ја проценила на 420.000 илјади денари без вклучен ДДВ.

За набавка на риба и морски плодови службата за општи и заеднички работи навела во огласот дека ќе користи електонска аукција.

„Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цената на предметот на договорот за јавна набавка со сите вклучени попусти без данок на додадена вредност, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН“, стои во дополнителната информација во врска со електронската аукција.

Во огласот е наведено дека повеќе економски оператори правно не може да се здружат за да го исполнат договорот. Авансно плаќање нема да има а не e потребна гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски