Двајцата најдобри македонски тенисери денеска има настап на фјучрс турнири и остварија различен ефект. Димитар Грабул победи, а Томислав Јотовски е поразен.
Во Анталија на турнирот што се игра на тврда подлога Грабул во првото коло со 7:5 и 6:1 го победи Молдавецот Андреј Циумак. Мечот беше изедначен до финишот на првиот сет кога беше 5:5, а од тогаш до крајот Грабул освои 8 од 9-те одиграни гема.
Негов следен ривал ќе му биде Сањар Фајзиев од Узбекистан (803 ранг листа), кој денеска со 6:3 и 6:3 го победи Глеб Алесенко од Украина.
Јотовски и на вториот фјучрс (тврда подлога) на кој настапува на островот Крит во Грција не успева да ја мине првата пречка. Во изедначен меч загуби од Бар Цуф Боцер (Израел) со 7:6 (7:4) и 6:4 во гемови. Противникот имаше еден брејк повеќе што беше и решавачко за победата.
Попладнево и двајцата ќе играат мечеви во 1.коло и во конкуренција на двојки.
Грабул со Бесир Дургути за ривали ги имаат Глеб Алесенко (Украина) и Денис Јевсеев (Казахстан). Јотовски со Србинот Мики Јанковиќ ќе играат против Израелците Даниел Цукирман и Даниел Скрипник.