Порошенко ги обвини проруските сепаратисти за прекршување на Договорот од Минск

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ги обвини проруските сепаратисти во источна Украина дека го прекршиле Договорот од Минск за прекин на огнот со вчерашните избори.

На официјалната страница на украинскиот претседател се истакнува дека Порошенко планира пред Советот за национална безбедност и одбрана да поднесе предлог за укинување на Законот на локална самоуправа на одделни региони во Донбас.

Порошенко наведува дека тој закон е доказ дека властите во Киев се искрени во напорите за деескалирање на ситуацијата во регионите контролирани од сепаратистите и за почитување на Договорот од Минск.

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана утре ќе расправа за предлогот на Порошенко.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион