Акција за чистење на општина Ѓорче Петров

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров Коце Трајановски и Сокол Митровски и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акцијата за чистење на општината Ѓорче Петров, на пешачката патека покрај булеварот „Македонска војска”.

Екипите на јавните претпријатија, наредните три дена во општина Ѓорче Петров ќе работат на решавање проблеми во своите области.

Градоначалникот Трајановски при посетата на општината се осврна на активности, кои јавните претпријатија на Градот Скопје ќе ги спроведуваат.

– Екипите на ЈП „Улици и патишта” ќе работат на санација на повеќе улици и ќе спроведуваат акции за крпење на ударните дупки, „Комунална хигиена” ќе работи на чистење на сметот, како и на метење и миење на улиците во општината, екипите на „Водовод и канализација” со луѓе и механизација ќе работат на чистење на шахтите и сливниците, како и на отстранување на дефектите со водоснабдувањето, додека екипите на „Паркови и зеленило” ќе работат на косење на тревата и кастрење на гранките, рече Трајановски.

Соработката со Општина Ѓорче Петров ја оцени на високо ниво, што, според него, резултира со реализирани проекти. Тој ја нагласи изградбата на пречистителната станица во Волково, како и првата фаза од продолжувањето на булеварот „Партизански одреди”.

– Во моментов се одвиваат градежните работи од првата фаза од продолжувањето на булеварот „Партизански одреди“ со изградбата на кружната крстосница кај Порта Влае. Паралелно со градежните активности, службите на Градот Скопје работат на средување на имотно-правните односи на вториот дел од овој проект, кој ќе го поврзи булевар „Партизански одреди” од новиот кружен тек до кружната сообраќајница кај црквата „Свети Петар и Павле”. На расчистување на имотно-правните односи периодов се работи и на трасата на улицата „Борис Сарафов”, по што ќе следува нејзино проширување и реконструкција, истакна Трајановски.

Ваквите средби ги поздрави и градоначалникот Митровски нагласувајќи дека покрај реализацијата на повеќе проекти, резултираат и со зголемување на квалитетот на услуги кои ги даваат Градот Скопје и јавните претпријатија.

Акцијата за чистење на општината Ѓорче Петров е дел од единаесетиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен