Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ воодушевија во Нови Сад

Од:

Откако цела година распродаваа поединечни концерти низ цел Балкан, Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ одлучија на 31 октомври да ја распродадат арената во Нови Сад. Најавија но и исполнија. Арената полна до последно место. Публика од сите генерации собрана на едно место да ги слушне хитовите на Јоксимовиќ но и на Цетински.

„Јас и Тони се знаеме многу одамна. Но интензивната дружба во оваа последна година беше причина да ги здружиме силите и да направиме еден заеднички концерт. Што се покажа како добра идеја“ – изјави Јоксимовиќ пред самиот концерт.

Неговите најголеми хитови очекувано се пееја во еден глас. Но не изостануваше ниту пеење со Цетински. Она што се случуваше таа вечер во Нови Сад, нема да го заборави една млада девојка која ја имаше привилегијата Тони Цетински да ја изнесе на сцена и само на нејзе да и ја отпее песната „Кад жена заволи“.

Несомнено овој момент ќе биде и во сценариото за Скопскиот концерт закажан за 28 Ноември во спортскиот центар Борис Трајковски. Она што засега организаторот не потврдува е дали и Жељко Јоксимовиќ ќе се појави во улогата на гостин на концертот кај неговиот хрватски колега во Скопје. Цетински и Јоскимовиќ неодамна снимија и дует „Заблуда“, кој што не се симнува од топ листите на радио станиците во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ