На почетокот на учебната година учениците сакаат да донесуваат големи и одговорни одлуки и тоа на сите ни е добро познати, но познато ни е и дека тие одлуки нема да имаат долг век на траење.
Следуваат одлуките, кои учениците најчесто мошне брзо ги забораваат:
– На време ќе одам во училиште и нема да морам секое утро да трчам по автобусот.
– Нема да го исклучувам алармот.
– Порано ќе стануваат за да се подготвам и да појадувам дома.
– Редовно ќе учам.
– Нема да ги работам домашните задачи во последен момент.
Ќе учам за врме на училишните празници.
– Ќе ја подготвам облеката која сакам да ја облечам во училиште еден ден порано.
– Нема да останувам буден до доцна.
– Нема да играм игри пред да ја завршам домашната задача (одлуката која ја носат во некое време од ноќта кога ќе сфатат дека не ги завршиле училишните задачи).
– Нема да лажам во врска со оценките. (оваа одлука следи по секој родителски состанок).