Германскиот канцелар Ангела Меркел побрзо ќе се согласи Велика Британија да ја напушти Европската унија, отколку да дозволи Лондон да го поткопа принципот на слободно движење на луѓе во Унијата, пишува списанието “Шпигел”.
Британската влада се уште не е излезена со коментар на ова тврдење, информира ББЦ и потсетува дека премиерот Дејвид Камерон сака да ги промени односите меѓу Лондон и ЕУ, пред Велика Британија да одлучи дали сака да остане дел од Унијата.
Референдумот за тоа треба да се одржи во 2017 година.