Виена има 1,8 милиони жители

Од:

Главниот град на Австрија, Виена, на почетокот на октомври имал, според официјалните податоци, 1,8 милиони жители, со што достигна највисока бројка на население од 1934 година.

– Зголемениот наталител и имиграција придонесоа за растот на населението на главниот град за 20 илјади до 25 илјади лица годишно, појасни директорот на Магистратот 23, градска канцеларија за статистика, Клеменс Химпеле.

– Во изминатите 14 години бројот на жителите во Виена се зголеми за 250 илјади лица, што е колку населението на Грац, додаде Химпеле.

Статистичарите прогнозираат дека растот следните години благо ќе се намали.

За споредба Виена во 1910 година имаше повеќе од два милиони жители, а во 1934 година 1,94 милони, а по Втората светска војна бројот на жителите значително се намали.

Најмал број на жители е забележан во 1987 година, кога во Виена живееја 1,48 милиони лица.

Дури во 2004 година во Виена повторно наталитетот беше поголем од морталитетот.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник