На изборите во сепаратистичката Лугањска народна република победи актуелниот лидер

Од:

На изборите во сепаратистичката Лугањска демократска република победи досегашниот лидер Игор Плотницки со 63,17 отсто гласови, соопшти Избирачката комисија.

На изборите за парламент победи движењето Мир на Лугањск, чија листа ја предводеше Плотницки, со речиси 70 отсто гласови. Следува Лугањскиот економски сојуз и од Народниот сојуз.

Во Доњецк, актуелниот „премиер“ на самопрогласената украинска Доњецка народна република, Александар Захарченко и движењето Доњецка република водат на изборите, се вели во анализи од излезноста на изборите.

Според тие податоци, Захарченко води со 81,37 отсто гласови на изборите за лидер на ДНР. Неговите противници, Јуриј Сивоконенко и Александар Кофман добија девет односно 9,73 отсто гласови. Движењето на Захарченко, Доњецка република има 65,11 отсто гласови на изборите за народното собрание на ДНР, а Слободен Донбас има 34,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион