Порошенко изборите во Источна Украина ги нарече „фарса“

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко го отфрли денешното гласање на претседателски и парламентарни избори во областите Доњецк и Луганск, нарекувајќи ги „фарса“ и ја повика Москва да не ги признава резултатите.

– Фарсата, што под закана на тенкови и пушки ја спроведуваат две терористички организации во делови на Донбас е ужасен настан, што нема никаква врска со правото, изјави Порошенко.

Украина претходно најави дека ќе отвори кривична истрага поради изборите во источниот дел на земјата.

Украинската служба за безбедност соопшти дека изборите се во спротивност на Уставот и претставуваат преземање на власта.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион