Шпанските овчари денеска излегоа на улиците на Мадрид со 2.000 овци во знак на протест поради урбаното ширење и модернизирањето на земјоделството, кои се повеќе ги загрозуваат пасиштата за нивните стада.
Туристи и жители на Мадрид изненадено ги набљудуваа стадата овци, додека минуваа покрај најпознатите градски знаменитости.
Овчарите застанаа пред градското собрание, а потоа минаа и покрај плоштадот Пуерта дел Сол и седиштето на Централната банка на Шпанија.
Некои од овчарите во околината на Мадрид пасиштата ги користат подолго од 800 години.