Околу 200 египетски новинари денеска ја отфрлија недамнешната декларација на уредник на весник, со која се ветува слепа поддршка на државата и забрана за критикување на полицијата, армијата и правосудството.
Новинарите во соопштението порачуваат дека борбата против тероризмот е должност што нема никаква врска со доброволното одрекување од слободата на говор.
Минатонеделната декларација за поддршка на владата е одговор на повикот, што египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси го упати до Египќаните да застанат до него во борбата против тероризмот, откако исламски екстремисти убија 30 војници.