Полицијата трага по исчезнато девојче од Чаир и момче од Гостивар

Од:

Полицијата трага по 15-годишно девојче од скопската населба Чаир и по 27-годишно момче од Гостивар, кои се пријавени во полициски станици за исчезнати.

Како што информираат од МВР, ноќеска во  02:40  часот во полициската станица Чаир, А.Р.(1966) од Скопје, пријавил дека вчера околу 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Е.(15)..

Вчера во 23:55 часот во полициската станица Гостивар, гостиварката Д.А. пријавила дека на 31 октомври околу 22:00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27). Д.А. посочила дека вчера околу 19:00 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање, а по телефонскиот разговор бил недостапен.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски