Парада на Градскиот дувачки оркестар низ центарот на Скопје

Од:

Градскиот дувачки оркестар денеска во 11 часот ќе одржи параден концерт со „чекорници“, движејќи се во централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје до паркот Жена борец.

Членовите на оркестарот ќе ги изведат Патриотската чекорница, Вашингтон пост марш, Трета македонска бригада, Младинска чекорница, Вардаре македонски, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, За сите деца, Дикси парада и Работнички, информира прес-службата на Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од членови главно професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а нивните досегашни настапи им даваа свечена нота на речиси сите државни празници и значајни манифестации.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски