Американски авиони-ловци и бомбардери извршија пет напади врз позиции на групата Исламска држава (ИД) во близина на сирискиот град Кобане и пет во Ирак, соопшти Централната команда на САД.
При нападите во реонот на Кобане биле „неутрализирани или разурнати“ девет борбени позиции на ИД и еден објект кој го користеле џихадистите.
Во Ирак бил нападнат автомобил, југозападно од вештачкото езеро Мосул, и четири возила и четири згради на екстремистите во близина на Ал Каим.