Бајден: САД го почитуваат правото на Кипар да врши истражувања за гас

Од:

САД го почитуваат правото на Кипар да врши истражувања за наоѓалишта на природни ресурси во својата ексклузивна економска зона, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.

За време на телефонски разговор синоќа Бајден и Анастасиадис разговарале за соработката меѓу САД и Кипар, како и повеќе регионални прашања, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Потпретседателот на САД изрази загриженост поради зголемените тензии во Источно Средоземно Море, потврдувајќи дека САД го почитуваат суверенитетот и правото на Република Кипар да врши неопходни истражувања за природни ресурси во својата ексклузивна економска зона во согласност со усвоените меѓународни норми, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Бајден, исто така, изрази надеж дека ситуацијата ќе може да биде решена по дипломатски пат.

Турски истражувачки брод „Барбароса“ со уште неколку бродови, меѓу кои и воени, навлегоа на 20 октомври во ексклузивната економска зона на Кипар, каде кипарската Грчка влада веќе издаде лиценци за дупчење на конзорциум на италијанската компанија ЕНИ и корејската „Когаз“. Кипарската Грчка влада има постигнато договори за спроведување истражувања со француската компанија „Тотал“ и со американската „Нобел енерџи“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“