Ердоган: Операцијата против ИД е премногу насочена само кон Кобане

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека операцијата на меѓународната коалиција, која се бори против џихадистичката група Исламска држава (ИД), премногу е насочена само врз сирискиот град Кобане, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, а не и кон другите реони.

– Зошто Кобане, а не и другите градови, како што се Идлиб, Хама или Хомс, кога 40 проценти од ирачката територија е контролирана од ИД?, истакна Ердоган на прес-конференција во Париз по средбата со францускиот колега Франсоа Оланд.

Тој праша зошто коалицијата не дејствува и во други зони, кога во Кобане има само 2.000 борци на ИД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски