Да кажеме на доларот Goodbye!

Од:

Русија е подготвена да се спаси од доларот. Денес се работи за тоа да се избегне доларот во трговијата со нафта и гас. Русија треба да создаде свој рубљиски систем на основање на цени за енергенси кој ќе го замени доларскиот.

Во напорите Русија да премине на пресметување на националната валута, таа има потенцијални сојузници. Најсилна е Кина. Во октомври во 2013 година претседателот на компанијата Росњефт Игор Сечин, настапувајќи на Меѓународниот енергетски конгрес изјави дека е неопходно да се создаде глобален механизам за трговијата со природен гас и меѓународна берза за заинтересираните земји, на која работите би се вршеле во регионални валути. Во ноември 2013 година Народната банка на Кина донесе одлука дека таложењето на странски валути повеќе не одговара на интересите на земјата, а Пекинг изјави дека е неопходно да се избере нова меѓународна резервна валута, која ќе го замени доларот.

Војната против доларот се води на неколку фронтови паралелно – нафтениот, гасниот и девизниот.

Нафтениот фронт, Проект на меѓународната трговија со енергетски суровини без долари почна да стекнува знаци на реалност врз основ на Санкт-Петербуршката меѓународна стоково-суровинска берза од мај 2014 година. Клучната идеја изгледа вака: одвојување на огромниот и најперспективен дел на светскиот енергетски пазар Азискиот од доларот и место него користење на јуани или рубљи.

Руските државни компании се подготвуваат за тоа целата дополнителна вредност да остане кај нив. Покрај Кина, потенцијални сојузници на Русија се Индија и Иран. На Индија Русија понуди низа големи проекти во нафтената и гасната сфера уште во март. Иран од 2004 година се наоѓа во процес на организација на нафтената берза независна од доларот. Москва има намера да добие колосален ресурс кој е во состојба да ја минимализира зависноста од западните пазари, истовремено обезбедувајќи максимален профит. Успешни чекори во тој правец веќе се направени. На 13 октомври Росњефт и Кинеската национална петрохемиска корпорација ЦНПЦ потпишаа договор за идно продлабочување на стратешката соработка во нафтената и гасната сфера во долгорочна перспектива.

Гасниот фронт

Во мај Владимир Путин, според оценка на весникот Вашингтон тајмс, однесе стратешка победа, склучувајќи гасен договор со Кина. Според американскиот печат, оваа работа веќе ќе ги попречи обидите на САД да ја изолираат Русија со помош на економските санкции и ќе помогне доларот да се лиши од статусот на светска резервна валута. Минатото лето раководството на Гаспром и Кина се согласија за изградба на гасовод Силата на Сибир, а во јуни подготвеност да го доведе до своите граници изрази и Индија.

Во септември претседателот на Гаспром соопшти дека е постигнат договор за вториот гасен договор со Кина, изградба на гасоводот Алтај и испораки во регионот на Пацифичкиот прстен до 100 милијарди кубни метри гас годишно, а се планира тој да биде потпишан веќе во ноември. Според оценките на западните експерти, испораките на гасоводот Алтај ќе потисне од кинескиот пазар околу 21 милион тони увозен гас. Тоа ќе удри по земјите извознички како што се САД, Канада, Австралија и Катар, чии поставки се ориентирани главно на азискиот пазар.

Монетарен фронт

Во октомври на форумот Русија повикува! Владимир Путин изјави дека земјата има намера активно да премине на националната валута во пресметување со Кина и другите партнери. Русија ги намалува инвестициите во држави облигации на САД и ги вади од американските банки своите депозити од пролетта оваа година. Само во март од сметката на Федералните резервни служби се повлечени над 100 милијарди долари.

Русија нагло го активираше купувањето на злато на светскиот пазар, во последните 6 месеци златните и девизните резерви се зголемени на над 18 отсто и од почетокот на есента, според обемот на злато во вкупниот обем на резерви ги надмина Кина и Швајцарија.

Истовремено Банката на Русија го намалува уделот на доларите. На сличен начин постапи и Националната банка на Казахстан. Некои западни експерти, наталожувањето на злато во Москва и Астана го сметаат за дел од координираната парично-кредитна политика.

Кина која во светот има најголеми доларски резерви, врз основ на Шангајската берза на злато веќе создава центар за основање на пазари на овој метал. Како што сметаат западните економисти, целта е да се земе под контрола целиот промет на златото, тоа да се повлече од американската берза Комекс. Потоа да се изведе целосно валутно рестартирање, на сметка на нагла промена на цената на златото.

Сопствениците на долари на сите начини се обидуваат да попречат на срмтно опасинте по доларот дејствија и алијансите. САД повеќе не кријат дека водат војна против Русија. На 17 септември секретарот за печатот на Белата куќа Џош Ернест, коментирајќи го падот на курсот на рубљата, рече: Нашата цел прво беше да ја изолираме Русија и да ја принудиме да ја плати економската цена. САД во алијансата со Саудиска Арабија се обидува да игра против Русија на падот на цената на нафтата. Притоа за руската економија падот на цената на нафтата е опасен не сам по себе, туку повеќе како повод за големите шпекуланти да организираат напад на рубљата.

 

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва