Концерт на „Дуо Кировски“ во Софија

Од:

Во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија концерт ќе одржи „Дуо Кировски“ – Маја Шутевска-Кировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола.

Пред публиката во Софија ќе се претстават со пет пиеси за пијано и виола од балетот „Ромео и Јулија” од Прокофјев, „Сонатата за виолина и пијано” од Корилјано и две дела специјално напишани за нив -Dancing with my shadow од Илиевска-Бете и „Вечера немаме” од Бужаровски.

Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија го организира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура.

Камерното дуо Љубиша Кировски (виолина/ виола) и Маја Шутевска – Кировска (пијано) е оформено во 1993 година, од кога има реализирано бројни настапи во Македонија и на меѓународните концертни подиуми.

Нивниот репертоар опфаќа дела од барокот до музика на 20 век, со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото посебно го негува македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори, од кои голем број дела им се посветени токму ним. Во 1999 го снимија својот прв компакт-диск во живо од фестивалот „Охридско лето“.

Добитници се на наградата „Виртуози“ во категоријата најдобар камерен ансамбл за 2013 година, кога одбележа 20 години постоење.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска