Хероин во вредност од два милиона евра запленет во Шпанија

Од:

Шпанската полиција растурила голема група шверцери на дрога, апсејќи 36 лица и запленувајќи 35 килограми хероин, во вредност од над два милиона евра.

Во соопштението на полицијата се наведува дека меѓу уапсените е и осомничениот лидер на бандата, марокански државјанин, и дека 20 од вкупно 36 уапсени, се притворени, додека истрагата продолжува.

Во текот акцијата се запленети 35 килограми хероин со улична вредност од над два милиона евра, јавуваат француските медиуми.

Бандата е осомничена дека хероинот им го продавала на други нарко-трговци во североисточниот шпански регион Каталонија и директно на корисниците и дека парите од продажбата се префрлани во Мароко, каде „парите биле испрани“ со купување недвижнини, наведе полицијата.

„Овој запленет хероин е најголемата акција на каталонската полиција и најголема  во Шпанија во 2014 година“, наведува полицијата и додава дека истрагата била отворена во февруари, откако полицајците откриле „важна точка во продажбата на хероин“ во градот Ел Вендрел, на 70 километри јужно од Барселона, каде била базата на криминалниот синџир.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата