Европската унија би сакала исто така да ја признае Палестина, како што тоа денеска го стори нејзината земја-членка Шведска, но според портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич,“тоа е прашање на компетенцијата” и ќе биде сторено „кога ќе биде соодветно”.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Унијата денеска немаше изненадување од потегот на Швеѓаните што предизвика негативни реакции од Израел.
– Ова признавање не доаѓа како изненадување за нас – истакна портпаролката на Еврокомисијата.
Според Коцијанчич, ЕУ-објективите е единственото решение за палестинското прашање, а тоа е создавање на независна и демократска палестинска држава која би живеела покрај Израел во мир и безбедност.
– Директни преговори се потребни во најбрз можен рок за таа цел, а позиција на ЕУ за признавањето од страна на Шведска на Палестина е интерно прашање на земјите-членки, но кога ќе биде соодветно и Брисел ќе го стори тоа – додаде портпаролката на неформалната Влада на ЕУ.