Пратенички прашања – форма да, но не и суштина

Од:

Минаа 100 дена од новиот парламентарен состав. Тоа беа оние џентлменски мирни 100 владини денови. Денеска за прв пат овој пратенички состав ќе поставува прашања до Владата.

Но ова ќе биде седница посветена на пратенички прашања само со делумна опозиција. ДПА се врати во Парламентот, а прашања ќе поставуваат и Роза Топузова Каровска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, трите пратенички кои не ја почитуваа партиската одлука за бојкот.

Значи формата ќе биде запазена, но не и вистинската суштина и цел на пратеничките прашања.

Па така, пратениците ќе си ги прашуваат своите министри. А и премиерот ќе биде прашуван од пратениците од неговата партија или коалициски партнер.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски