Полскиот дигач на тегови Марсин Долега е суспендиран поради користење недозволени стимулативни средства. Трикратниот светски шампион бил позитивен на допинг тест и нема да учествува на претстојното Светско првенство во Казахстан.
Полската федерација за дигање тегови соопшти дека 32-годшниот Долега имал благо покачено ниво на норандростерон во текот на турнир во Москва.
Овој натпреварувач и во 2004 година паднал на допинг тест и поради тоа ги пропушти Олимписките игри во Атина.