ВИДЕО: Уапсен хомофоб поради напад на аеродромот во Далас

Од:

Агресивен патник беше уапсен на меѓународниот аеродром во Далас поради напад на друг патник за кој сметал дека е хомесексуалец.

-Ти си хомосексуалец, ете што ми пречи, му се обрати напаѓачот на патникот, покажувајќи на неговата розева маица. Овој овде е хомосексуалец, извикуваше тој.

Потоа тој го удри патникот во розева маица, по што на напаѓачот му се нафрлија неколку луѓе кои беа во близина и ја слушаа расправата.

Веднаш интервенираше и полицијата, но тој продолжи да се заканува на патникот со розева маица но и да објаснува зошто го нападнал.

-Да ви кажам само зошто го направив тоа-бидејќи ова е Америка, ете затоа, им се обрати на двајцата полицијаци додавајќи:

-Toa е истата причина поради која вие морате да живеете, дишете и чекорите како Црнци.

Со лисици на рацете беше однесен во полициска станица, а човекот кој го снимал видеото кажа дека напаѓачот е веројатно луд човек.

-Овој човек е луд, сосема луд. Јас видов еден сосема проблематичен човек.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија