Сомнителна кибер актвиност врз компјутерската мрежа на Белата куќа

Од:

Американски официјални лица соопштија дека е регистрирана „сомнителна кибер активност“ врз компјутерската мрежа што ја користи Белата куќа и оти се преземени соодветни мерки тоа да се реши.

Неименуван претставник на Белата куќа не наведе кој би можел да биде за тоа одговорен, но вели дека до сознанието се дошло за време на „провека на неодамнешни закани“.

– Секоја активност од тој вид ја сметаме за многу сериозна, додал официјалниот претставник. Засега не е јасно кога компјутерската мрежа на Белата куќа била загрозена.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија