Лава од вулканот Калауе, на Хаваи, стигна до првите куќа од селото Пахоа

Од:

Река од лава од вулканот Килауе, широка околу 110 метри, се заканува да ги уништи првите куќи од малото село Пахоа, на хавајскиот Голем остров, во кое живеат околу 800 жители, соопшти денеска локалната цивилна одбрана.

Од вчера наутро лавата има зафатено нови 90 метри, а на населението кое живее на нејзиниот пат му е наложено да се подготви за евакуација, пренесуваат британските медиуми.

Од кратерот Пу’у О’о, што од 1983 година константно е во состојба на ерупција, лавата првпат протече на 27 јуни, за до крајот на септември привремено да биде запрена. Од пред неколку недели, меѓутоа, лавата повторно продолжи со своето бавно напредување.

Екипите работат на изградбата на привремени пристапни патишта и заштита на автопатот 130, по кој дневно минуваат десетина илјади автомобили.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија