Египет ќе гради тампон зона на границата со Појасот Газа

Од:

Египетските власти им наредиле на лицата, кои живеат покрај источната граница со Појасот Газа да се евакуираат, за да можат да ги урнат нивните домови и таму да создадат тампон зона, јави БТА.

Целта на тампон зоната, како што соопштија египетските безбедносни власти, е да се спречи трговијата со оружје и префрлувањето на екстремистите меѓу Египет и палестинската територија.

Тампон зоната ќе биде широка 500 метри и долга 13 километри. Таа ќе вклучува и воден ров, со цел да се спречи копањето тунели под неа.

Денеска објавената одлука доаѓа четири дена откако екстремистите надпаднаа египетска воена патрола, при што убија најмалку 31 војник во регионот во североисточниот дел на Синајскиот Полуостров.

Египет по нападот прогласи вонредна состојба во таа област и воведе стриктен полициски час во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро