Индија откри заговор за атентат врз премиерката на Бангладеш

Од:

Индиската антитерористичка агенција откри заговор на забранета екстремистичка група, која планирала да ја убие премиерката на Бангладеш и да изврши државен удар во оваа земја, изјавија денеска индиски официјални претставници од областа на безбедноста.

– Стратегијата била да се изврши напад врз политички лидери во земјата и да се уништи демократската инфраструктура на Бангладеш. Се ова било планирано на индиска територија и можевме да бидеме обвинети за тоа, истакна претставник на индиското Министерство за внатрешни работи.

Индија ќе му предаде на Бангладеш досие со детали за плановите на групата Џамал-ул-Муџахедин, која е одговорна за повеќе напади во Бангладеш.

Властите во Бангладеш не ги коментираа директно тврдењата дека премиерката Шеик Хасина бил цел на заговор, но соопштија дека ги зајакнале безбедносните мерки на границата со Индија.

Заговорот е откриен откако двајца членови на екстремистичката група загинаа во експлозија при правење на бомба во една куќа во источниот дел на Индија на почетокот на овој месец. Тие биле државјани на Бангладеш, а ја користеле Индија како упориште за планирање напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати