Во Одделот за прекршоци 45 дена нема да се закажуваат предмети заради нов софтвер

Од:

Заради имплементација на нов софтвер во Одделот за прекршоци судиите нема да  закажуваат предмети од  1 ноември до 15 декември.

– Во текот на септември се направени подготовки за имплементација на АКМИС – системот,  односно Одделот за прекршоци технички да се подготви и да се поврзе со централната база на АКМИС – системот која е во Врховен суд, се вели во денешното соопштение од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Заради овие подготовки, како што информираат од Судот, на судиите дадени им се инструкции да не закажуваат предмети од  1 ноември до 15 декември бидејќи се работи за сложен процес на префрлување податоци, кој не може да се одложува. Новото софтверско решение нуди полесно движење и следење на предметите. Досега по затекнатите предмети постапуваа преостанатите четворица судии.

– Одделот успешно се соочува со новонастанатата состојба, судиите навремено и ажурно одговорија на сите обврски, особено во интерес на граѓаните кои имаат постапки во судот, а тоа е поткрепено со фактот што тековниов месец се верификувани 818 предмети, а преку 200 предмети се во работа. Судиите покрај своите постапки ги прифатија и граѓаните кои со покани доаѓаа по предмети кај колегите кои се под суспензија. Исто така прераспределени се и судски службеници на местата на службениците под суспензија со цел Одделот да работи без никаков застој, се вели во соопштението.

Во овој период, како што велат од Судот, навремено и ажурно се вадат и уверенија што ги издава овој Оддел што на граѓаните им се потребни за актуелните конкурси за вработување.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје