Поранешен директор на ММФ потрошил 99.000 евра користејќи службена кредитна картица

Од:

Владејачката Народна партија во Шпанија го исклучи од своите редови поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Родриго Ратo и уште неколку членови поради финансиски злоупотреби на положбата.

Тие партиски функционери се наоѓаат под истрага поради сомнение дека користеле службени кредитни картици за лични трошоци.

Рато и уште осумдесетина функционери осомничени се дека го прекршиле законот и илегално потрошиле 15 милиони евра во дискотеки и на сафари патувања користејќи кредитни картици на шпанската Банкиа наменети за деловни трошоци.

Главната опозициска партија, Социјалистичка партија, веќе ги исклучи своите членови кои беа вклучени во тој скандал, критикувајќи ја Народната партија поради тоа што не го сторила тоа.

Рато, кој беше генерален директор на ММФ од 2004 до 2007 година.

Би можело да ве интересира

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда