Груевски во Белгија на одбележување на 100-годишнината од Првата светска војна

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Кралството Белгија ќе присуствува на комеморативните церемонии за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Настаните ќе се одржат во белгиските градови Њупорт и Ипр.

Денешната комеморација ја организира белгиското кралско семејство на чело кралот Филип и кралицата Матилда, а ќе присутсвуваат и голем број претставници на кралски семјства меѓу кои принцезата Беатрикс од Холандија, принцезата Мерјем од Мароко и големиот војвода на Луксембург Анри Алберт Габријел Феликс Мари Гијом.

Од политичките лидери, покрај македонскиот премиер Груевски, на овој настан ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателите на Малта Мари Луиз Колеиро Прека, на Унгарија Јанош Адер и на Мали Ибрахим Бубакар Кеита, францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледријан, како и голем број претседатели на парламенти, министри и високи претставници на вкупно 83 земји.

Покрај кралското семејство на Белгија, домаќини на денешната комеморација се премиерот на Белгија Шарл Мишел и потпретседателот и министер за надворешни работи Дидие Рендер.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он