Македонската футсал репрезентација ќе игра во финалето Меѓународниот турнир кој се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. „Црвено-жолтите“ за финалето се изборија по драматичната победа над Финска, синоќа со 5:4.
На пет минути пред крајот Финска водеше со 4:3, но нашите фудбалери успеаја да постигнат два гола во финишот и да се изборат за дуел против Шпанија.
Шпанците во првото полуфинале беа убедливи против Турција со резултат 11:1.
Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот и 30 минути.
Два часа пред тоа за третото место ќе се борат Финска и Турција.