Воздушните удари во Сирија и Ирак ги чинат САД по 8,3 милиони долари дневно, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори од Пентагон.
Од почетокот на кампањата врз џихадистичката Исламска држава која почна на 8 август во Ирак, операциите чинеле вкупно 580 милиони долари.
Претходно американското Министерство за одбрана наведе дека воената кампања врз џихадистите чини по околу седум милиони долари дневно. Висок извор од Пентагон тврди дека во изминатите недели мисиите се позачестени со што се зголемени и расходите.