„Народниот фронт“ на Јацењук ја зголеми предноста пред „Блокот на Порошенко“

Од:

По преброени 70,05 проценти од гласачките ливчиња на украинските парламентарни избори во предност е „Народниот фронт“ на премиерот Арсениј Јацењук со освоени 21,8 процент од гласовите, пред „Блокот на Порошенко“ со 21,46 проценти, пренесоа руските медиуми.

При преброени 20 проценти од гласачките ливчиња разликата меѓу двете партии беше само 0,01 процент.

Во Новата Врховна рада ќе влезат и партијата „Самопомош“ на градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј, со 11,12 проценти, „Опозицискиот блок“, во кој влегуваат поранешни членови на Партијата на регионите, со 9,75 проценти, потоа „Радикалната партија“ на Олег Лашко со 7,39 проценти и „Баткившчина“ (Татковина) на експремиерот Јулија Тимошенко со 5,66 проценти.

Излезеноста била 52,44 проценти. Таа била највисока во Лвовската област (70 проценти), а најниска во Доеецката (32,51 проценти), Луганската (32,87 проценти) и Одеската област (39,52 проценти).

Би можело да ве интересира

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности